Main Menu



Get the Flash Player to see this player.

Veliko Povecerie

Visitors Counter

mod_vvisit_counterToday4266
mod_vvisit_counterThis week26992
mod_vvisit_counterThis month47853

We have: 2 guests, 130 bots online
Sep, 2010
Велико Повечерие, Преждеосвештена Литургија и Исповед На Свестенството Од Американско-Канадската Епархија PDF Print E-mail
Artical Rating: / 3
PoorBest 
Monday, 29 March 2010 18:43
 

„Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно,

...зашто таму  Господ дал благослов и живот вечен!“

(18-та Катизма од Псалтирот) 

            Во текот на минатата седмица, шеста во Великиот Велигденски Пост, во неделата на Лазаровото воскресение и влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, во нашиот Храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio, се одржа несекојдневен настан.

Во вторник-март 23 и среда-март 24, на денот посветен на светите Софрониј, патријарх Ерусалимски и маченикот Пиониј, втора година со ред се одржаа заедничките Великопосни богослужби и исповедта на присутното свештенство.

Домаќините, отец Душко Ѓорѓиевски-нашиот парохиски свештеник и г-дин Јосиф Христовски-претседателот на нашата црковна општина, овој пат ги имаа на гости поголемиот дел од свештенството на Американско-Канадската Епархија.

Read more...
 
Youth Dance Practice Every Sunday PDF Print E-mail
Artical Rating: / 4
PoorBest 
Tuesday, 09 March 2010 01:05

Dance Practice's will be every Sunday at 1pm in the small hall at the new church cathedral.

We are looking for people 15 and up to participate.

 
Празникот Успение На Пресвета Богородица Рејнолдсбург ,Охајо 2009 PDF Print E-mail

 

„Луѓето не можат да го видат Бога, а и чиновите

ангелски не смеат да го гледаат. Преку Тебе, Пречиста,

 им се јави на луѓето Словото воплотено. Него го

 величаме, заедно со небесните војски; Тебе Те

 ублажуваме.“ (ирмос на деветтата песна на покајниот канон)

 Со тивката Литургиска радост на Православните, со духовни песни и труд за Господа Бога и Неговата Сечесна, Пренепорочна Мајка и секогаш Дева Марија, го одбележавме и ова лето Господово 2009-то, патрониот празник на нашиот Храм-„Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio.Со Светата Литургија чиноначалствуваше нашиот парохиски свештеник, протоерејот-ставрофор, отец Душан Ѓорѓиевски во сослужување со отец Зоран Здравев од Green (Kanton), Ohio. На певницата служеше чтец Ѓорѓи Ѓурчиновски. 

   

Верниот народ притекнуваше кон Храмот на Пресветата за целото време на траењето на Светата Литургија, и иако беше работен ден, сепак, секој сакаше барем малку да вкуси од радоста и благодатта, што Господ ја раздава со Своето присуство на секој богослужбен собир, според зборовите Негови: „...зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“

   

 Дел од верниот народ се причести со Светите Таинства-Чесното Тело и Крв Христови, круната на двонеделниот Богородичен (Успенски) Пост. 

 

А соборот на верните годинава го умножија и драги гости од другите градови од Ohio, па дури и посетители од родната Македонија, кои одвоија време од својот престој во Америка да го посетат нашиот нов Храм, воодушевени од впечатокот што им го остави сето она што досега е направено и што, со Божја помош ќе се трудиме да го направиме во иднина.

   

За овој Празник, Храмот е побогат за певница (поставена во јужната апсида) и два аналоја за целивни икони (поставени во нартексот), украсени со резба, изработени од вештите раце на г-динот Александар Лабудовски. Нашиот свеќоливец (и домаќин на Црквата и неуморен трудбеник и што уште не...) Мирослав Веловски-Моте, за овој ден ја изработи првата тура на свеќи за црковна и Литургиска употреба излеани од чист пчелен восок. 

 

   

По завршетокот на Светата Литургија, сите заедно се поткрепивме на заедничката трпеза на љубовта, подготвена од вредните раце на членките на Женската секција, кои отсекогаш знаеле да ги докажат и покажат на дело вредностите на македонското гостопримство и кујна. Им благодариме за постојаната грижа и труд!

„Зашто Ти Си (Богородице), слава на небесните и надеж

 на земните, и застапница на сите кои при Тебе

притекнуваат, и кои ја просат светата помош Твоја

пред престолот на Синот Твој и Бог наш...“ (од Акатистот кон Пресвета Богородица)

 

Подготвиja: г-дин Лазе Пурдеф

чтец Ѓорѓи Ѓурчиновски

 
«StartPrev12345NextEnd»

Page 2 of 5