|
Thursday, 09 April 2009 05:06 |
|
ПРВА ПОСЕТА НА НОВОИМЕНУВАНИОТ КОНЗУЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Columbus, Ohio. Во неделата, на 5 април, во прва редовна посета на нашата заедница ни дојде новонаименуваниот Генерален Конзул на Република Македонија во дипломатско-конзуларното претставништво во Detroit, господинот Игор Дукоски. По завршувањето на Светата Литургија, на која што присуствуваше со своето семејство, во новата црковна сала, им се обрати на присутните. |
|
Read more...
|
|
Tuesday, 07 April 2009 05:51 |
ЗАЕДНИЧКИ БОГОСЛУЖБИ И ИСПОВЕД НА СВЕШТЕНСТВОТО ОД ДВЕТЕ АМЕРИКАНСКИ НАМЕСНИШТВА Reynoldsburg (Columbus), Ohio
„Со нас е Бог, разберете незнабошци -и покајте се, зашто-со нас е Бог!“ (извадок од пеењата на Великото Повечерие) Во текот на минатата седмица, петта во Великиот Велигденски Пост, кога си спомнуваме за образецот на благодатното вистинско покајание-преподобната Марија Египјанка, во нашиот Храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio присуствувавме на несекојдневен настан. |
|
Read more...
|
|
Tuesday, 07 April 2009 05:15 |
Reynoldsburg, USA - Вториот дел од, се уште, првата фаза на фрескоживописот во нашата Македонска Православна Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio е завршен. Во текот на четириесетина дена, од 21 јануари до 7 март, ни беше гостин нашиот зограф, отец Теодор Јуревич (Theodore Jurewicz). Деноноќно на скелето, работеше на фрескоживописот на главната (големата) купола и пандантифите. Канонски предвидени за тие места во Православниот Храм се претставите на Исус Христос Седржител опкружен со Ангели Господови и Пророци Божји и четворицата Свети Евангелисти на пандантифите. Во меѓувреме, отец Теодор наоѓаше време за прекин со работата само за време на Светите Литургии. Но ја имавме и честа, на двапати, со дозвола на нашиот парохиски свештеник-отец Душко Ѓорѓиевски, да отслужи и вечерни богослужби-во навечерието на Сретение Господово и спроти Свети Теодор Тирон-Тодорова Сабота, неговиот именден. |
|
Read more...
|
|
|
|
|
|
Page 4 of 5 |