Main Menu



Get the Flash Player to see this player.

Veliko Povecerie

Visitors Counter

mod_vvisit_counterToday4294
mod_vvisit_counterThis week27020
mod_vvisit_counterThis month47881

We have: 2 guests, 132 bots online
Sep, 2010
Нови Фрески PDF Print E-mail
Artical Rating: / 8
PoorBest 
Tuesday, 07 April 2009 05:15
Reynoldsburg, USA - Вториот дел од, се уште, првата фаза на фрескоживописот во нашата Македонска Православна Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio е завршен. Во текот на четириесетина дена, од 21 јануари до 7 март, ни беше гостин нашиот зограф, отец Теодор Јуревич (Theodore Jurewicz).
Деноноќно на скелето, работеше на фрескоживописот на главната (големата) купола и пандантифите. Канонски предвидени за тие места во Православниот Храм се претставите на Исус Христос Седржител опкружен со Ангели Господови и Пророци Божји и четворицата Свети Евангелисти на пандантифите.
Во меѓувреме, отец Теодор наоѓаше време за прекин со работата само за време на Светите Литургии. Но ја имавме и честа, на двапати, со дозвола на нашиот парохиски свештеник-отец Душко Ѓорѓиевски, да отслужи и вечерни богослужби-во навечерието на Сретение Господово и спроти Свети Теодор Тирон-Тодорова Сабота, неговиот именден. Уште повеќе-на тие богослужби беа присутни речиси сите негови помошници, кои што во текот на тие шест недели, достигнаа број од седум до дванаесет за време на викендите. Најбројни во неговите помошници беа Руси од Columbus и околината, но дури и од Portland, Oregon и Montana. Да си спомнеме за некои од нив-Борис Лившиц со сопругата Епистимија и ќерка им Ала, Елена-Лена, Наташа, Татјана, другата Елена, Александар-Саша Чистик, Елисеј Торан, Васа, Зинаида.
Една недела во изведбата на фрескоживописот зеде учество и монахињата од Романската Православна Црква-Олимпија, која што ја посети и нејзината пријателка-Гркинката Кириаки, отец Живојин Јаковљевич од Српската Првославна Црква од Cleveland, Ohio, итн.
Скоро сите со кои што се сретнавме, ни велеа дека имаме прекрасна Црква и дека сме богати поради тоа. Ние, пак, бевме среќни и благодарни на Бога и Господа што ни испрати гости од речиси сите делови на од Него благословеното Православие.
Бидејќи скелето го покриваше целиот простор околу новиот фрескоживопис, сите бевме нестрпливи како мали деца, во очекување да се демонтира скелето, и да го „отпакуваме“ нашето изненадување. Конечно, без соборното „амин“ на верниот православен македонски народ од  Columbus ништо од ова немаше да се случи.
Повелете, затоа, браќа и сестри, поделете ја со нас радоста, воодушевувањето и прекрасното естетско доживување, преку дел од фотографиите од прекрасната работа на отец Теодор. Нема човек што го остави рамнодушен! Нашиот архитект-проектант на Храмот-господинот Randy, кратко  прокоментира-„знаев дека ќе е убаво, но дека може да биде толку убаво, не можев да претпоставам“. Патем, тој е истиот архитект чие што дело е и со мозаици украсената Грчка Православна Црква „Благовештение на Пресвета Богородица“ во центарот на Columbus.
Ќе му се радуваме на новото како што доликува-со благодарење на Бога и постојан труд и стремеж, а во јуни-јули ова лето Господово, пак ќе го чекаме нашиот зограф да продолжи со третиот дел од оваа сеуште прва фаза на фрескоживописот-олтарната апсида и целиот источен ѕид на нашиот и Храмот нашата Застапничка пред престолот на Севишниот-Пресвета Богородица.
Сликите мозете да ги погледате
  

Comments

Name *
Email (For verification & Replies)
URL
Code   
Comments by Macedonian Church
Submit Comment
Working....
Finished
Failed