Main Menu



Get the Flash Player to see this player.

Veliko Povecerie

Visitors Counter

mod_vvisit_counterToday4171
mod_vvisit_counterThis week26897
mod_vvisit_counterThis month47758

We have: 3 guests, 133 bots online
Sep, 2010
Посета На Новоименуваниот Конзул На Република Македонија PDF Print E-mail
Artical Rating: / 5
PoorBest 
Thursday, 09 April 2009 05:06

Генерален Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски ПРВА ПОСЕТА НА НОВОИМЕНУВАНИОТ КОНЗУЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

      Columbus, Ohio. Во неделата, на 5 април, во прва редовна посета на нашата заедница ни дојде новонаименуваниот Генерален Конзул на Република Македонија во дипломатско-конзуларното претставништво во Detroit, господинот Игор Дукоски. По завршувањето на Светата Литургија, на која што присуствуваше со своето семејство, во новата црковна сала, им се обрати на присутните.

      На оваа должност тој е поставен-именуван во јуни, а отпочнал со работа во септември 2008. Се работи за релативно млад човек (37), дипломат од кариера, кој што претходно работел во Амбасадата  на Република Македонија во Washington D.C. од 2005 година. Магистер на правни науки, меѓународни односи магистрирал во Токио, Јапонија, така што во листата на странски јазици го има приброено и јапонскиот јазик. Доаѓа на местото на претходниот ген. конзул г-динот Јордан Веселинов, кој сега е веќе покоен, но чие што дело ќе остави траен спомен кај нашите македонски иселеници од овој дел на Америка.

      По потекло е од Гостивар, што со гордост и достоинство неколкупати го нагласи, иако скоро целиот живот го минал надвор од Гостивар, вели-„мене каменот таму ми тежи!“.

      На средбата беше присутен и Почесниот Конзул на РМ во Columbus, господинот Томи Танев. Г-динот Ген. Конзул не запозна со намерата вакви средби да се организираат најмалку  двапати годишно. Својата обиколка низ Ohio ја започнал од Avon Lake (Lorraine), Akron, Masilon, Canton, Cincinnati, за да ја заврши кај нас-во средиштето, во Columbus.

      Генералниот Конзулат на РМ во 2003 година се исели од New York (NY) во Detroit (MI). Но потребите на нашата сé поголема заедница на источниот брег на САД, условија негово повторно отворање оваа година. Така нашиот Генерален Козулат ќе биде сосредоточен на потребите на нашите иселеници на Midwest: Ohio, Pennsylvania, West Virginia, Kentucky, Missouri. Во Chicago (IL) веќе е отворен Генерален Конзулат, за потребите на тој дел на САД. 

      Во понатамошното излагање, г-динот Ген. Конзул ги објасни насоките на работа на Генералниот конзулат во Detroit: 

      1. Извршување на сите конзуларни техничко-административни услуги за Македонците на подрачјето што го покрива (издавање на привремени патни исправи, наследнички изјави, барања за државјанство, барања за отпуст од државјанство, документи за пренос на починати лица итн. итн.). Г-динот Ген. Конзул остави обрасци од сите документи што ги издава Генералниот Конзулат, во архивата на Управата на нашиот Храм, на располагање на евентуалните заинтересирани корисници на такви документи. Досегашниот проблем-издавање на македонски пасоши се очекува оваа година да се надмине. Имено, од пред две години, македонските пасоши се изработуваат по најсовремена биометриска технологија, каква што во Европа има уште само Германија. На инсистирање на Амбасадорот на РМ во САД, Јолевски, тој проблем ќе се надмине од април оваа година, за што ќе бидеме навреме известени. Во текот на своето излагање, г-динот Ген. Конзул неколкупати нагласуваше дека целта на Владата на РМ е нашите иселеници да бидат свесни дека Татковината не заборавила на нив, дека се грижи за нив и дека така ќе продолжи и во иднина.
      2. Генералниот Конзулат ја застапува Република Македонија и на повеќе полиња:                               -култура (наскоро по цела Америка и Канада ќе гостува Националниот Ансамбл „Танец“ итн.);

         -економија (претставување на извозните капацитети, можностите за инвестирање). За таа цел формиран е т. н. Detroit Economic Club, а од Координативното Тело за Иселеништво издадена е книгата-упатство „Македонски извозни капацитети“, од која што господинот Ген. Конзул остави неколку примероци за наша потреба;

                          -образование (во склоп на грижата за нашите иселеници по светот, Координативното Тело за Иселеништво има изработено учебник за нашите најмлади-посетители на неделното училиште, заедно со програма наменета за наставниците-заедничка за сите наши иселенички училишта по целиот свет);

      1. Стручна помош за Амбасадата на РМ во Washington D.C., доколку за тоа се јави потреба.

                  Генералниот Конзулат на Република Македонија во Detroit, за извршување на овие задачи кадровски е опремен со двајца дипломати, г-динот Игор Дукоски и конзулот Драган Јордановски, кој од јуни месец ќе замине на нова должност, а на негово место ќе дојде друг дипломат.

             Господинот Ген. Конзул на РМ, Игор Дукоски се нафати, откако ќе бидат обезбедени основните услови од наша страна, да организира пратка на книги од Македонија за обнова на Црковната Библиотека, која што настрада во пожарот на Стариот Храм во 2006 година.

      Откако се заблагодари за топлиот пречек, господинот Генерален Конзул беше поздравен со аплауз од присутните, по што речиси еден час одговараше на разни прашања на присутните, дискутираше на разни теми од проблематиката на меѓународната позиција на Република Македонија.

      Подготвил:

      Ѓорѓи Ѓурчиновски

 

Слики Од Посетата На Генералениот Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски   Слики Од Посетата На Генералениот Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски   Слики Од Посетата На Генералениот Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски   Слики Од Посетата На Генералениот Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски   Слики Од Посетата На Генералениот Конзул на Република Македонија  Игор Дукоски

  

Comments

Name *
Email (For verification & Replies)
URL
Code   
Comments by Macedonian Church
Submit Comment
Working....
Finished
Failed