Main Menu



Get the Flash Player to see this player.

Veliko Povecerie

Visitors Counter

mod_vvisit_counterToday4314
mod_vvisit_counterThis week27040
mod_vvisit_counterThis month47901

We have: 2 guests, 130 bots online
Sep, 2010
Света Архиерејска Литургија PDF Print E-mail
Artical Rating: / 1
PoorBest 

Врв на годинешниве тридневни Успенски празнувања беше Светата Архиерејска Литургија со која што чиноначалствуваше нашиот Владика, Неговото Високопреосвештенство дедо Методиј, Митрополит Американско-Канадски.

 Сослужители на богослужбата беа: протоереј-ставрофор, отец Душан Ѓорѓиевски, нашиот парохиски свештеник и протоереј, отец Константин Митровски од црквата „Свети Пророк Илија“-Cincinnati, Ohio и ѓаконот Стеван Барјактаров.

 Вредните домаќини, претседателот на Црковната управа, г-дин Јосиф Христовски, Женската секција па дури и најмладите се погрижија и потрудија овој светол ден навистина да протече беспрекорно. Многуброен верен народ присуствуваше на Светата Литургија, Македонци од Columbus како и од другите градови од Ohio. На Светата Литургија нашиот Владика Методиј благоволи да го ракопроизведе чтецот Ѓорѓи Ѓурчиновски во чин ипоѓакон. Според востановениот обичај, по завршувањето на Светата Литургија, пред вратите на Храмот се изврши чинот мал водосвет. Притоа се благослови и славската погача на годинешните домаќини-кумови Лазе и Мирјана Пурдеф. Од кошничката со бројни пријавени со желба да бидат домаќини-кумови на прославата за следната 2010 година, едно од најмалите дечиња, ги извлече имињата на новите домаќини-кумови-Владе и Марија Поповски и нивните тројца синови-Кристијан, Борис и Софрониј-прислужници во олтарот веќе неколку години. Честито и на старите и на новите домаќини-кумови!

 

 Потоа, во големата сала на Старата Црква на Whitehall се одржа свечен банкет, организиран од Женската секција. На банкетот, отец Душан Ѓорѓиевски и претседателката на Женската управа, г-ѓа Мирјана Наумова упатија поздравен говор до нашиот дедо Методиј и присутниот народ, по што на сите им се обрати и Митрополитот. Неговата поддршка и благослов се драгоцени за нас.

 На прекрасно приредената трпеза на љубовта, нашите домаќинки не заборавија во името на целиот верен народ да му го честитаат роденденот на нашиот Владика Методиј. На многаја лета, Владико! Еве веќе четириесет и пет години организиран црковен живот во Columbus под лоното на Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ (1965), втемелен на првата богослужба на македонски јазик на северно-американскиот континент (1958) одржана во салата на Македонското Дружество „Александар Македонски“ со уште постари, но непоклатни темели (1938- We Macedonians from Macedonia...-Preamble of By-laws document). Навистина, точно е реченото-добрите дела остануваат во долго помнење онолку, колку што биваат потврдувани со нови и нови добри дела.

 Имајќи ја за помошница Нашата Небесна Застапничка-Пресвета Богородица, веруваме дека ќе го имаме благословот од Бога Господа за успех во времето што доаѓа и во трудот кој што ќе го вложуваме за да врвиме по патот Божји!

 

Подготвиле:
Лазе Пурдеф
ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски

  

Comments

Name *
Email (For verification & Replies)
URL
Code   
Comments by Macedonian Church
Submit Comment
Working....
Finished
Failed