Нова Учебна Година За Неделното УчилиштеOctober 11, 2009 Columbus (Reynoldsburg), Ohio.
„Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и се˜ исполнуваш, Ризницо на добрините, Животодавче, Дојди и всели се во нас.Очисти не˜ од секаква нечистотија И спаси ги Благи, нашите души.“ Во 18-тата недела по Педесетница, на 11 октомври (28 септември ) кога Православната Црква го слави преподобниот Харитон, на Денот на Востанието на Македонскиот Народ, во Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio, започна новата учебна 2009/2010 година за Неделното Училиште. Со призив на Светиот Дух и молитви упатени кон Бога, Неговата Пренепорочна Мајка и нашите и Сеславјански Учители и Просветители-Светите Седмочисленици, најмладите членови на нашата Македонска Заедница со штитот на Верата Православна, бодри тргнаа во пресрет на новите знаења. Отец Душан Ѓорѓиевски, нашиот парохиски свештеник, кој што го изврши чинот, раководи со првиот дел на часот во Неделното Училиште-делот посветен на основите на Православната Вера. По неговата наставна програма, речиси триесет години, најмладите се запознаваат и утврдуваат во верата на нашите татковци, во верата што не˜ докрепи да не се изгубиме под товарот на илјадалетните премрежија, во верата која што ако отсесрце ја прегрнеме, и покрај сите луњи и невољи, ќе не˜ донесе во Тивкото Пристаниште на нашиот Господ. Наставничката Натали Јанакиевска одржува настава по македонски јазик во вториот дел од наставата на Неделното Училиште. Новите искуства за наставата по македонски јазик што наставничката Натали ги донесе од родната Македонија, како и новата програма за работа на Македонските училишта во Дијаспората (издание на Агенцијата за Иселеништво, подарок од ген. Конзул на Македонија во Детроит, г-дин Игор Дукоски при неговата прва посета на нашиот Храм и Заедница), ќе бидат предизвик повеќе и за неа и нејзините ученици да успеат и преуспеваат во заедничкиот потфат-да не заборавиме кои сме и што сме и зошто сме. По завршувањето на молитвите за почеток на учебната година, отец Душко им подари на учениците по едно иконче од нашите Учители и Просветители, Светите Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски, со ветување дека, највредните на крајот на учебната година ќе бидат наградени со нешто повеќе. „Преблаг Господи, испрати ни ја благодатта на Твојот Свет Дух, Која ги просветува и окрепува нашите духовни сили: Да внимаваме што ни се предава, та да бидеме достојни за Твојата Слава, да бидеме радост на нашите родители, да бидеме од полза на нашата Татковина и на Светата Црква. Амин!
Подготвиле: Кире Муртановски ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски
|
Comments