|
Saturday, 03 April 2010 15:30 |
|
“Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо. Вистина ви велам: кој не го прима царството Божјо како дете, тој нeма да влезе во него.” И кога ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.(Марко 10:14-15) Reynoldsburg (Columbus), Ohio.На шест дена пред Пасха, во Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Reynoldsburg (Columbus), Ohio, беше отслужена празнична Света Литургија. Во присуство на многуброен верен народ, во празнично украсениот Храм, највпечатливи беа најмладите членови на нашата црковна заедница-„Од устите на младенците и новороденчињата си создал пофалба“-според зборовите на Псалмопевецот. Покрај празникот Воведение на Пресвета Богородица и Сретение Господово, овој празник е меѓу другото празник и на најмладите, кои одсрце го примија Царството Божјо, кои најискрено го пречекаа Царот на Славата со победничкиот поздрав „Осана на Синот Давидов, Осана во висините“.На Литургијата, дел од верниот православен македонски народ се причести со Светите Христови Таинства.Потоа во малата црковна сала се одржа проба на новообновената Фолклорна Група, под раководство на доајенот на фолклорот и народните танци од нашата црковна заедница-господинот Јосиф Петанчески. Подготвил:ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски
|
Comments